Утрински Весник
Спорт

Канада е последниот полуфиналист на кошаркарското СП, победа над Словенија за пресметка со Србите

Канада е последниот полуфиналист на кошаркарското СП, победа над Словенија за пресметка со Србите

Репрезентацијата на Канада е последниот полуфиналист на Светското кошаркарско првенство во Манила. Канаѓаните изборија место меѓу четирите најдобри на Мундијалот откако со четвртфиналната пресметка ја совладаа Словенија со 100:89.

dobivaj vesti na viber

Во полуфиналето, Канада ќе се бори против репрезентацијата на Србија.

По израмнетото прво полувреме коа заврши со по 50 поени за двата тима, Канада ги скрши Словенците во вториот дел. Во финишот, Словенија остана и без Лука Дончиќ кој имаше бројни реакции во текот на мечот.  Шеј Гилџес-Александер ја предводеше Канада до триумфот со 31 поен. Дончиќ постигна 26 коша.

Поразот на Словенија значи дека Србија и Германија обезбедуваат пласман на Олимписките игри во Париз следното лето.

Во втората полуфинална пресметка се соочуваат Германија и САД.

 

 

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига