Утрински Весник
Спорт

Ф1 тимовите трошеле во границите на предвиденото

Ф1 тимовите трошеле во границите на предвиденото
Dik 300x250 mk

Светската автомобилска федерација (ФИА) објави дека трошоците на сите тимови во шампионатот во Формула 1 биле помали од лимитот на расположливиот буџет во текот на 2022 година, кој изнесува 108 милиони фунти.

dobivaj vesti na viber

Ред Бул и Астон Мартин претходно беа казнети кога во 2021 година го надминаа лимитот. Ред Бул беше казнет со шест милиони фунти за надминување на речиси два милиони фунти и намалување на времето што тимот може да го помине обидувајќи се да ги подобри аеродинамичките компоненти на болидот, додека британскиот тим плати 388.000 фунти за процедурален пропуст.

Во претходниот период се шпекулираше дали некои од тимовите потрошиле повеќе од дозволеното во текот на 2022 година, а ФИА потврди дека сите тимови ги користеле своите ресурси во согласност со прописите.

„ФИА потврдува дека го завршила прегледот на буџетските ограничувања за секој тим што учествува во Формула 1 шампионатот во 2022 година. Заклучокот е дека сите 10 екипи ги испочитувале сите правила. Тоа беше интензивен и темелен процес, почнувајќи со детална анализа на документацијата што ја доставија тимовите“, велат од ФИА.

Следната трка од Светскиот шампионат се вози на 17. септември во Сингапур.

Можете да прочитате

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа

Околу 150 турски фудбалски судии суспендирани поради обложување