Утрински Весник
Свет

(Видео) Германски турист ја оштетил фонтаната на Нептун во Фиренца

(Видео) Германски турист ја оштетил фонтаната на Нептун во Фиренца

22-годишен германски турист ја оштетил познатата фонтана на Нептун во Фиренца додека се качувал на знаменитоста за да се фотографира. Градските власти соопштија дека младиот човек во неделата вечерта се качил на фонтаната за да се фотогрфира, но притоа скршил дел од мермерот на кочијата.

dobivaj vesti na viber

Кога скокнал на коњот, го оштетил и копитото. Штетата се проценува на 5.000 евра, а туристот се соочува со висока глоба. Вандалот бил откриен со помош на надзорни камери. Градоначалникот на Фиренца, Дарио Нардела, објави една од фотографиите од фејсбук-профилот на младиот човек, со скриено лице.

„Нема оправдување за непристојноста и вандализмот кон културното наследство“, напиша градоначалникот.

Фонтаната датира од 16 век и темелно е реновирана во 2018 година.

Можете да прочитате

САД инвестираат 500 милиони долари за универзални вакцини

Директорот од СЗО: Ги скршивме телата и умовите на децата во Газа, како доктор, бесен сум

Турската полиција на нозе: Приведени се 384 лица по судирите на протестите