Утрински Весник
Свет

(Видео) Драматична снимка од невремето во Шпанија: насекаде има поплава, три лица се водат за исчезнати

(Видео) Драматична снимка од невремето во Шпанија: насекаде има поплава, три лица се водат за исчезнати

Ообилните врнежи предизвикаа големи поплави во централна Шпанија во неделата и рано утринава.

dobivaj vesti na viber

Во текот на денот на социјалните мрежи се шират драматични видеа од цела Шпанија, а едно од највознемирувачките е од метрото во Мадрид.

Како што може да се види на видеото објавено на социјалната мрежа Твитер (платформа Х), патниците на метрото снимиле морничава глетка – вода се слева по вратата и навлегува во вагонот со голема брзина.

Со оглед на тоа дека дождот паѓаше се посилно, а возилото се полнеше со вода, патниците во паника избегаа на другиот крај на метрото.

„За момент помислив дека ќе треба да почнам да нуркам“, се наведува во описот на видеото.

Некои снимки покажуваат поплавени улици и порој од вода што носи се’ пред себе. Се гледаа делови од мебел како лебдат по улиците, цели градби се уриваа, контејнери и автомобили пливаа.

Ненадејните дождови ги претворија улиците во реки од кал во областите Мадрид, Кастиља-Ла Манча, Каталонија и Валенсија.

Во многу области падна град, пренесува Ројтерс.

Две лица загинаа во рурална област околу Толедо, изјави портпаролот на полицијата.

Еден човек и неговиот син исчезнале кога нивниот автомобил паднал во реката Алберче во градот Алдеа дел Фресно во регионот на Мадрид, а момчето било спасено.

Потрагата е во тек по 54-годишна жена и 83-годишен маж, додава Ел Паис.

Неколку патишта во областа Мадрид беа затворени, а неколку мостови се урнаа поради излевање на водата од бреговите на реките.

Во центарот на Мадрид денеска беа откажани и неколку линии на метрото, но повеќето беа обновени во поголемиот дел од градот.

Можете да прочитате

Најмалку осум британски војници се повредени во верижна сообраќајка во Естонија

Трамп најави дека на 20 јануари ќе воведе царини за производи од Кина, Канада и Мексико

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа