Утрински Весник
Свет

Авион на Туркиш ерлајнс принудно слета во Белград – на патник му требала медицинска помош

Авион на Туркиш ерлајнс принудно слета во Белград – на патник му требала медицинска помош
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Авион на Туркиш ерлајнс на летот Истанбул-Цирих принудно слета во Белград во 14 часот и 45 минути поради медицински причини.

dobivaj vesti na viber

Сите надлежни аеродромски служби реагирале во најкус можен рок, а грижата за патникот на кој му е потребна лекарска помош е во тек, објавија српските медиуми.

Во меѓувреме, патниците се во авионот, каде што чекаат дополнителни информации од авиокомпанијата за продолжување на патувањето до нивната дестинација.

Претходно српските медиуми објавија дека се случува вистинска драма со авионот на Туркиш ерлајнс кој наводно го прелетал Срем и Нови Сад, а потоа се вратил во Белград.

Потоа беше објавено дека првото итно слетување не успеало, а по вториот обид успешно слетал на аеродромот Никола Тесла.

Можете да прочитате

Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Путин потпиша закон за национализација на напуштени имоти во окупираните делови на Украина

Чешка доби нова влада – 24info.mk