Утрински Весник
Свет

Родителите масовно ги испишуваат децата од училиштето „Рибникар“ каде што се случи масакрот во Белград

Сигна инспекцискиот наод: Утврдено е тоа што сите го знаеле – дека момчето-убиец не било малтретирано од соучениците

Новата учебна година започна вчера, а девет ученици од старото VII/2 ги немаше во во училниците на Основното училиште „Владислав Рибникар“ бидејќи монструозното момче Коста Кецмановиќ ги уби со истрели од пиштол на 3 мај годинава.

dobivaj vesti na viber

Првиот училишен ден сите деца во основните училишта во Србија помина без предавања. Децата разговараа со своите професори, а така беше и во училиштето во Врачар, кое доживеа невидена трагедија.

Но, многу родители чиишто деца оделе во тоа училиште оваа учебна година решиле да ги префрлат во други училишни институции, а еден од нив е и адвокатот Војин Шаљиќ, кој за тоа зборуваше денеска на ТВ Прва.

-Немам податоци колку деца се отпишани од „Рибникар“. Знам дека од еден од класовите, во кој беше убиено девојче, беа испишани повеќе од 10 ученици, а во петокот на час се појавија само пет ученици од тој клас – изјави Шаљиќ кој и самиот ја испишал ќерка си од тоа основно училиште.

Можете да прочитате

Во Грузија уапсени над 100 демонстранти

Бунтовниците контролираат половина од градот Алепо

Десничарските популисти стануваат „нова нормалност“ во европската политика