Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта за појавата на африканска свинска чума

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта за појавата на африканска свинска чума

Неспособноста и некадарноста на власта носат пустош во земјоделството и сточарство. Како резултат на нивната несериозност, во Македонија се појави африканската чума и под ризик е ставена целата популација од 150.000 свињи во земјава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Тие ги обвинуваат министерот за земјоделство Љупчо Николовски и директорот на АХВ Николче Бабавоски за несериозен пристап, поради што африканската свинска чума е регистрирана на огромна фарма во Таринци каде загрозени се 10.000 свињи кои се под закана да бидат уништени, а штетата е толку голема што може да изнесува над 2,5 милиони евра.

– Бидејќи власта немаше слух и не пристапи сериозно на овој проблем, не донесе навремени соодветни мерки или се носеа некакво провидни колку да се каже, Македонија може да остане без најбрзорастечката сточарска индустрија во ресорот земјоделие, свињарството. Цела гранка може да згасне поради нивната ароганција и неспособност, а со тоа македонските граѓани и сточарите без единствената свежа домашна суровина – свинското месо, велат од опозициската партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ако власта навремено ги слушаше нивните решенијата и мерките што ги предлагава, ова можеше да се спречи. Велат дека проблемот е пресериозен и потребна е итна реакција.

Можете да прочитате

Просечната кошничка ќе биде најмалку 10 отсто пониска од синдикалната, изготвена е, се чека одговор од синдикатите и работодавачите

Турската компанија Cavo Otomotiv ќе инвестира во ТИРЗ Тетово, ќе се отворат над 400 нови работни места

Домашната градежна оператива лани со намалена работа во странство