Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ДПМНЕ молчи за ЕУ, единствено Никола Груевски ги брани нивните политики

Груевски: Никој од СДСМ не дошол кај мене да бара нешто

„Во последните неколку дена ДПМНЕ молчи за уставните измени а единствениот кој ги брани нивните политики е Никола Груевски. Од Унгарија ги пишува своите статуси за ДПМНЕ во однос на тоа како треба партијата да се позиционира“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ДПМНЕ со Мицкоски сака да го блокира европскиот пат и земјата повторно да ја втурне во изолација. Државата 17 години беше во чекалната на ЕУ и 11 години во изолација, единствено поради криминалните политики на ДПМНЕ.

До 2016 година, државата беше заробена со нарушени меѓуетнички односи внатре, нарушени односи со соседите, со комплетна партизација на институциите, сваровски судство и слобода на медиумите на 140 место на светот, и ниту милиметар не мрдната во европските и НАТО интеграциите.

Обидите за блокада на европската иднина на земјата значат обиди за блокада на напредокот на земјата, на подобар животен стандард и владеење на правото“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

СДСМ: Нов скандал на власта, дали граѓаните ја плаќаат партиската кампања на ВМРО-ДПМНЕ

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините

Галетановски: Возилото е изгорено целосно, ниту сум скаран со некој ниту некој ми се заканувал