Утрински Весник
Македонија

Мицкоски на средба со Памер: На власта секојдневно и се случува нов коруптивен скандал во кој е вмешан некој владин функционер

Мицкоски на средба со Памер: На власта секојдневно и се случува нов коруптивен скандал во кој е вмешан некој владин функционер

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот и пратеник Александар Николоски остварија средба со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во земјата, Мартин Памер.

dobivaj vesti na viber

Соговорниците разговараа за актуелната политичка и економска состојба и евроинтегративниот процес на државата.

Од страна на претседателот Мицкоски беше истакнато дека владата на СДСМ и ДУИ на дневна основа се соочува со некој нов коруптивен скандал во кои се вмешани првите владини функционери, додека стандардот и домашниот буџет на граѓаните опаѓа. И токму поради тоа се потреби брзи предвремени избори на кои народот ќе одлучи во каква држава сака да живее, извести ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно, Мицкоски додаде дека во моментот најактуелна е темата за уставните измени под бугарски диктат кои власта ги тера на сила и покрај тоа што 80 проценти од граѓаните не се согласуваат со ваквата одлука. Беше посочено дека бидејќи власта на СДСМ и ДУИ, нема 2/3 мнозинство не ги става уставните измени на гласање и со тоа ги прекршува законските процедури и директно го крши Деловникот за работа на македонскиот парламент, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ставот на партијата уште еднаш беше афирмиран од претседателот, дека никој од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати уставни измени, бидејќи ова не е последното барање од Бугарија, како и дека билатералните односи не смеат да бидат дел од преговори за членство на земјата во ЕУ.

Мицоски се заблагодари за досегашната поддршка од Република Австрија кон Македонија, а соговорниците се согласија дека средбите треба да продолжат и во иднина, се со цел продлабочување на успешната соработка меѓу двете земји.

Можете да прочитате

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско

Филипче: Платите на лекарите мора да растат