Избеганиот венецуелски шверцер на дрога познат како Талибан бил фрлен жив во морето со врзани раце и котва околу половината како одмазда затоа што украл 200 килограми кокаин од картел.
Реиналдо Фуентес (68) бил виден врзан и со дамки од крв на задниот дел од главата додека неговите убијци се мачеле да го фрлат преку брод во Карипското Море во близина на Мартиник.
На видеото, објавено на социјалните мрежи, може да се види Фуентес како гледа во лицето што го снима видеото пред да биде фрлен во морето и оставен да се удави. Никој од неговите киднапери не е идентификуван, но може да се слушне како некој вели во заднина на видеото: „Погрижете се нашите лица да не се видат“. Друг подоцна рече: „Нема начин да се спаси“.
Во елаборирана – и лошо замислена – измама, Фуентес претходно фрлил пратка со наркотици од 10 милиони долари на бродот и лажирал потера од крајбрежната стража за да објасни зошто не им ја враќал дрогата на газдите, но го задржал кешот. Потоа се вратил во водата за да го извади кокаинот, го препакувал и го однел на друг остров на Карибите.
Fugitive Drug Lord Known ‘Taliban’ Who Stole Cartel’s 450lb Cocaine Shipment Is Tossed Alive Into Ocean With An Anchor Tied To His Waist. pic.twitter.com/UCapotnEbq
— Poetik Flakko (@FlakkoPoetik) August 31, 2023
Но, планот тргнал наопаку кога неговите поддржувачи го кодошеле, што довело до неговата смрт на 17 јули – денот кога бил повикан на состанок на картелот.
Новинарот Рафаел Толентино во понеделникот на Esto No Es Radio, дневна утринска емисија во Доминиканската Република, откри дека Фуентес добил лажен национален документ за идентификација, кој му дозволувал да живее под името Мигел Фулкар во Доминиканската Република.
Фуентес бил роден во Сукре, Венецуела, и имал три деца од претходната врска во Венецуела. Тој наводно го контролирал тргувањето со дрога во населбата Бонао во Буенос Аирес, каде што го добил прекарот Талибан поради незаконските зделки со шверцерите на дрога од Блискиот Исток.
Фуентес го напуштил својот дом во Доминикана и бил намамен на состанок на картел на непозната локација на 17 јули. Потоа бил киднапиран и фрлен во морето подоцна во текот на денот. Снимката што кружи на интернет завршува со далечна слика на Фуентес како лебди во водата, без шанси за спас.
Fugitive drug lord ‘Taliban’ who stole cartel’s 450lb cocaine shipment is tossed ALIVE into ocean with an anchor tied to his waist pic.twitter.com/fJ2V9safpe
— SHO’NUFF (@IAMSHO_NUFF) August 29, 2023
Не е јасно дали властите го истражиле случајот, иако војската на Доминиканската Република соопшти дека инцидентот не се случил во нејзините води.
Исто така, не е познато колку долго Фуентес е поврзан со кланот Дел картел, познат како Заливскиот картел, кој се смета за најстарата активна криминална организација во Мексико.