Утрински Весник
Македонија

Во кумановската касарна свечено одбележана годишнината на Бригадата на Југоисточна Европа, смената на командантот на Бригадата и на претседавањето на процесот СЕДМ

Во кумановската касарна свечено одбележана годишнината на Бригадата на Југоисточна Европа, смената на командантот на Бригадата и на претседавањето на процесот СЕДМ

Со свечена церемонија денеска во касарната „Боро Менков“ во Куманово беше одбележана 27-годишнината од основањето на процесот СЕДМ, 24-годишнината од основањето на Бригадата на Југоисточна Европа, смената на претседавањето со СЕДМ од Бугарија на Романија, како и смената на командантот на Бригадата, од грчкиот генерал Евангелос Митруцикос на албанскиот генерал Билбил Битри.

dobivaj vesti na viber

На свеченоста, заменикот министер за одбрана Тирон Јајага истакна дека 40-те припадници на шест НАТО Армии во рамки на Бригадата, работат како едно и здружено придонесуваат кон глобалниот мир и безбедност.

„27 години СЕДМ и 24 години SEEBRIG се фактори за регионална стабилност и потврда дека заеднички можеме да одговориме на современите безбедносни предизвици. СЕДМ е докажан форум за регионален дијалог и одличен формат за регионална безбедносна соработка. Промените на безбедносното опкружување, а особено со руската агресија врз Украина, сајбер заканите, лажните вести, дезинформациите и елементарните непогоди и катастрофи, нè потсетуваат дека треба да размислуваме за развојна стратегија со цел да бидеме пофункционални во справувањето со овие предизвици“, рече Јајага.

Тој изрази уверување дека во рамките на оваа Иницијатива постојат огромни можности за унапредување на нашата заедничка соработка, кои се неопходни во современиот безбедносен контекст, со цел да се создадат регионални механизми за справување со предизвиците со кои несомнено ќе се соочуваме и во иднина.

Јајага упати благодарност до досегашниот командант на Бригадата, грчкиот генерал Митруцикос и бугарското претседавање со СЕДМ за нивната заложба и придонес во развојот на Иницијативата и на Бригадата, додека на новиот командант на SEEBRIG, Битри и романските претседавачи со СЕДМ им посака успех во работата. Подвлече дека Министерството за одбрана и Северна Македонија како земја која е посветена на зацврстувањето на регионалната соработка и воедно домаќин на бригадата, ќе продолжат активно да ги поддржуваат нивните активности.

„Северна Македонија многу пати досега покажала дека цврсто верува во заедништвото и интеграциите. Во континуитет сме вклучени во сите регионални иницијативи на Југоисточна Европа и активно придонесуваме во развојот на пријателски односи со сите земји во регионот. За иднината на нашиот регион најважно е сите да бидеме посветени и упорни во зацврстувањето на стабилноста, помирувањето и промовирањето на меѓусебното разбирање и политичкиот дијалог, доброто владеење, владеење на правото и почитувањето на човековите права. Во тој поглед, нашата визија за СЕДМ и SEEBRIG е во иста насока со објавените приоритети на Букурешт, и истите целосно ќе ги поддржиме и ќе работиме во заеднички интерес“, заклучи Јајага.

На свеченоста се обратија и досегашниот претседавач со СЕДМ, заменикот министер за одбрана на Бугарија, Атанас Запријанов, новиот претседавач со оваа иницијатива, државната секретарка во Министерството за одбрана на Романија, Симона Којокару, како и досегашниот и новиот командант на Бригдата, бригадните генерали Митруцикос и Битри, кои укажаа на важноста од развојот на СЕДМ и SEEBRIG, чија основна цел е зацврстувањето на регионалниот мир, безбедноста и стабилноста.

Во командата на Бригадата чиј домаќин до 2026 година е Северна Македонија, заедно работат припадници на шест држави – Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Турција, а дел од иницијативата СЕДМ се уште девет земји од регионот.

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор