Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Со заеднички предлози до системски решенија за подобар живот на сите пензионери

Тренчевска: Со заеднички предлози до системски решенија за подобар живот на сите пензионери

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со Претседателот на партијата на пензионери, Илија Николовски и претставници од партијата. На средбата се разговараше за актуелните барања на пензионерите за покачување на пензиите како и потенцијалните решенија кои можат да донесат подобар квалитет на живот на ранливите категории на пензионери.

dobivaj vesti na viber

Од страна на присутните беше потенцирано дека линеарното покачување барање кое ќе ја загрози стабилноста на пензискиот фонд и редовното примање на пензии за 330 000 пензионери во државата.

Тренчевска посочи дека во периодот кој што следи ќе се креираат социјални мерки кои директно ќе влијаат на квалитетот на живот на пензионерите со најниски примања и исто така таа посочи дека посветено ќе се работи и на Законот за минимална пензија.

Николовски на министерката и приложи предлози креирани од Партијата на пензионери кои можат да го подобрат квалитетот на живот на пензионерите, додека од страна на министерката беше истакнато дека истите ќе бидат разгледани и внесени во материјалите за работа при носењето на решенија за пензиите.

Министерката на крајот од средбата покани претставник од Партијата на пензионерите на првата средба на работната група која ќе работи на Законот за минимална пензија и социјалните мерки, а ќе се одржи на 6ти септември.

Можете да прочитате

Предизвиците на првиот училишен ден во Скопје

Трајче Стојчевски избран за нов претседател на СДММ

Ангеловска: Наставниците се важен дел од образованието, власта да ги покачи платите