Утрински Весник
Спорт

Струга Трим Лум оди на победа и пласман во групната фаза во КЛ

Струга Трим Лум оди на победа и пласман во групната фаза во КЛ

Шампионот на Македонија Струга Трим Лум, вечерва ќе се обиде да избори место во фазата по групи во Конференциската лига. За да ја остварат целта, Стружани, на Исланд, против Брејдаблик, ќе треба да го надополнат минусот од еден гол. Пред една недела во Охрид тимот од Исланд победи со 1:0.

dobivaj vesti na viber

„Резултатот од првиот натпревар е во корист на противникот, бидејќи го загубивме тој натпревар во Охрид, но велам дека тоа е минимален резултат и уверен сум дека тимот ќе го даде максимумот. Првиот натпревар го одигравме подобро од противникот, незаслужено загубивме, но секако мислиме дека ќе дадеме максимум на овој натпревар. Им кажав на фудбалерите дека тоа е натпревар од 90 минути на кој мора да го дадеме максимумот, а на крајот ќе видиме каков ќе биде конечниот резултат“, изјави тренерот Шпетим Дуро.

Струга во реваншот ќе биде без двајца важни фудбалери, Згуро и Радески, кој поради суспензија не играше и во првиот меч.

Доколку Струга Трим Лум успее да се пласира во фазата по групи, во касата на клубот од УЕФА ќе се слеат дополнителни 2.900.000 евра. Исто така Стружани ќе станат вториот македонски клуб кој успеал да се пласира во главната фаза, во натпреварувањата во организација на УЕФА.

Дуелот на Исланд ќе започне во 18.45 часот.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига