Утрински Весник
Свет

(Видео) Објавена последната снимка од Пригожин: „За сите што прашуваат дали сум жив или мртов“

Пригожин е или мртов или во затвор, средбата со Путин била лажирана, вели американски генерал

На социјална мрежа „Х“ објавено е последното видео од Пригожин, како што се тврди, додека бил на пат за Русија.

dobivaj vesti na viber

Водачот и основач на групата Вагнер, Евгениј Пригожин загина минатата среда во авионска несреќа. Покрај него, загинаа уште девет лица, меѓу кои и самиот врв на организацијата.

Авионот на Пригожин полетал од аеродромот во Москва и требало да лета за Санкт Петербург, но се урнал за околу половина час.

Москва тврди дека ги идентификувала посмртните останки на Пригожин, по што тој бил погребан на гробишта во Санкт Петербург, во присуство на неговото семејство и силно обезбедување.

Се наведува дека ова е последното обраќање на Пригожин до јавноста, во моментот кога од Африка се враќал во Русија.

„За сите оние кои се прашуваат дали сум жив или не, и како ми е… Сега е викенд, втората половина на август 2023 година. Самиот сум во Африка, па фанатиците кои размислуваат за мојата ликвидација заради нешто, се е во ред“ рече Пригожин во видеото.

Можете да прочитате

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта

Пожар во фабрика за воена опрема во Русија

Aвион на DHL се урна врз двокатна куќа во Литванија