Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски: Ковачевски се врати блед од Блед, Макрон им ја кажа вистината

Освен што не направи ништо за Резолуцијата во Бундестагот, Мицкоски покажа големо незнаење, велат од СДСМ

Димитар Ковачевски се врати блед од Блед и сега се крие од јавноста затоа што нивната лага повторно пукна како меур од сапуница, изјави првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Штип, коментирајќи дека тоне последната сламка за спас на власта.

dobivaj vesti na viber

„Францускиот претседател им ја кажа вистината. Европска унија им испрати абер. Сега се препелкаат, те овој сакал да каже вака, те оној сакал да каже онака. Сето тоа што го кажуваат не е точно. Јасно е. Без внатрешни реформи кои вие 7 години не ги правите, без оправање на секторите и состојбите на секое поле, нема да има ни афричка унија, а не пак европска. Народот бара РЕСЕТ. Оваа Влада ги изгуби и легитимитетот и кредибилитетот“, рече Мицкоски.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ праша дали  е Европа кога министер од ДУИ ќе даде 2 милиони евра на фирма која претходно била донатор на ДУИ и ги дала тие пари за му организира на истиот тој министер политички настан. Потоа додаде: (Османи) излезе да се жали како не знаел за тоа дека таа фирма била донатор. Па излезе да се прави наудрен и да се прави дека тоа што го гледа не го гледа, а повеќе од 20 години или е министер, или портапрол или потпретседател. И добро еве бидејќи до сега не знаел еве сега знае, научи, и прашањето е што сега ќе преземе, дали ќе го раскине договорот кој што претходно го потпишал, или да бидам по прецизен дали смее да го раскине истиот тој договор кој го потишал со таа фирма донатор.

Праша и дали е Европа кога првиот човек на владата добива државно земјиште по едно евро и тоа од државата чиј што премиер, вештачки поставен, безнароден, без легитимитет ја води.

„Зарем Европа е кога се делат 215 пасоши на светски криминалци, нарко дилери и убијци? Претпоставувам дека и многумина од вас подзаборавија на тоа дека нема локален балкански криминалец и нарко бос кој што денеска нема македонски пасош издаден од оваа влада, која што денеска ја гледате започнува една кампања платена со ваши пари да не убедуваат дека тие биле Европа“, рече Мицкоски.

Во однос на уставните измени, Мицкоски изјави дека тие се полоши од катастрофата во секоај друга област затоа што се натурени, наметнати и диктирани од надвор и народот е против во огромно мнозинство.

„Народот и ВМРО-ДПМНЕ велат НЕ. Погледнете го Ковачевски како блед се врати од Блед. Доживеавме премиери на други држави да го бранат македонскиот народ и Македонија повеќе од премиерот кој го плаќаме со народни пари. Доживеавме да се редат понижување до понижување“, додаде Мицкоски.

 

 

Можете да прочитате

Лефков: ЈО да не молчи, да не чека и да реагира експедитивно за Дрин Ахмети, кој заработувал милиони без да плати соодветен надоместок за концесијата

СДСМ: Скандал, фирма на Божиновска должела речиси 1 милион евра на МЕПСО

Мицкоски со поголема плата од премиерите на Србија, Црна Гора, БИХ и Косово