Утрински Весник
Спорт

Македонија го почнува настапот на Европското првенство: Одбојкарите имаат сили да ја победат Данска

Македонија го почнува настапот на Европското првенство: Одбојкарите имаат сили да ја победат Данска

Македонија е домаќин на Европското првенство во одбојка, заедно со Италија, Бугарија и со Израел, а нашиот национален тим вечерва (20 часот) во СЦ „Борис Трајковски“ го почнува настапот на шампионатот. Противник е селекцијата на Данска, која е во рангот на оние селекции против кои момците на Јошко Миленковски можат да се надеваат на победа.

dobivaj vesti na viber

За пласман во вториот круг, на Македонија ќе и бидат потребни две победи во групата, каде се наоѓаат и селекциите на Црна Гора, Полска, Холандија и Чешка.

„Момциве секој ден даваат сè од себе, за да ја претстават Македонија во најдобро можно светло. Ова е најголем одбојкарски настан на наше тло, можност да ја претставиме државата и нашиот спорт. Желба ни е пласман во следниот круг, мислам дека го заслуживме тоа, но не зависи само од нас туку и од противниците. Потребна ни е поддршка од сите страни, пред се од навивачите, за да се претставиме во најдобро светло и да сториме се за да се пласираме во втората фаза. Треба да го покажеме нашиот цврст карактер и борбеност, амбициите се да им се спротивставиме на сите овие моќни репрезентации. Имаме сили за тоа, верувам дека по завршувањето на ова ЕП ова ќе биде една нова историја за нашиот спорт“, вели селекторот Јошко Миленковски.

Македонија последен пат се соочи со Данска во 2021 година, кога во период од две седмици одигра три натпревари и притоа оствари една победа и два порази.

 

 

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024