Утрински Весник
Свет

Во Грција уапсени 79 лица за подметнување пожар

Во Грција уапсени 79 лица за подметнување пожар

Грчките власти уапсија десетици лица осомничени за подметнување пожар додека шумскиот пожар, најголемиот во последните години во Европската унија, беснее низ земјата, јавува Си-Ен-Ен.

dobivaj vesti na viber

Грчката полиција уапси 79 лица под сомнение за подметнување пожар, изјави портпаролот на грчката влада Павлос Маринакис за јавната телевизија ЕПТ.

„Ова што се случува не само што е неприфатливо, туку и бизарно и криминално. Правите злосторство против државата. Нема да бидете поштедени. Ќе ве најдеме и ќе одговорите“, изјави грчкиот министер за климатска криза Василис Кикилијас, пренесува РТС.

Со изгорени повеќе од 73.000 хектари, пожарите во Александрополис официјално се најголемите пожари регистрирани досега во Европската унија, изјави европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчич.

Низ Грција, шумските пожари досега уништија 1,3 милијарди квадратни метри (130.000 хектари), што е рекорд на ЕУ, според Европскиот информативен систем за шумски пожари.

Шумските пожари во планината Парнита, северно од Атина, се уште се надвор од контрола, а во текот на ноќта се уништени повеќе шуми.

Најголемата огнена линија на фронтот во Грција е во близина на североисточниот град Александрополис, во регионот на Еврос.

Можете да прочитате

Украинската разузнавачка служба откри и разби руски шпионски синџир

Маск најави граѓанска војна во Велика Британија, владата му се закани: Казни и за оние кои потикнуваат онлајн насилство

Иран издаде итно предупредување (НОТАМ) авионите да го избегнуваат нејзиниот воздушен простор