Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Небиу донира: Трактор за затворот Шутка, три возила за Министерството за здравство, и едно комбе за Психијатриската болница – Бардовци

Небиу донира: Трактор за затворот Шутка, три возила за Министерството за здравство, и едно комбе за Психијатриската болница – Бардовци
300x250 opst2

Трактор за затворот на Шутка отстапи Агенцијата за управување со одземен имот. Директорот на Агенцијата, Дритон Небиу, како што вели, ова го направил по претходно барање од страна на директорот на Шутка, Филип Андов, а како помош од страна на Агенцијата за управување со одземен имот за решавање на дел од проблемите со кои затворот  години се соочувал.

dobivaj vesti na viber

А со цел заштедување финансиски средства од буџетот на државата и обновување на вoзниот парк во секоја државна институција, Небуи како директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, со претходно одобрение, како што вели, од страна на управниот одбор и Владата на Република Северна Македонија, а по претходно побарување од страна на министерот за здравство, Фатмир Меџити, денес, од Агенцијата отстапил 3 моторни возила за потребите на Министерството за здравство.

„Како институција со најголема потреба во нашата држава, каде што е приоритарно да се помогне, јас како директор на Агенцијата за управување со одземен имот овој пат одлучив да напавам донација на моторно возило комбе за потребите ЈЗУ Психијатриска болница – Бардовци по барање на директорот Мухсин Арифи“, информира директорот на Агенцијата за управување со одземен имот.

Можете да прочитате

Кампањата за локалните избори влегува во втората недела

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места