Утрински Весник
Спорт

Кога ќе му истече суспензијата, Тони ќе направи спектакуларен трансфер

Кога ќе му истече суспензијата, Тони ќе направи спектакуларен трансфер

Ајвон Тони моментално отслужува суспензија поради обложување, а кога ќе се врати на фудбалските терени, најверојатно ќе го чека трансфер во кариерата.

dobivaj vesti na viber

Тони повторно ќе може да игра дури во јануари, а за неговиот потпис во зимскиот преоден рок ќе се борат Тотенхем, Манчестер јунајтед и Челзи.

Брентфорд за својот најдобар играч очекува најмалку 80 милиони евра, а се очекува Тони да го комплетира трансферот и поради фактот што го смени менаџерот, што значи дека има намера да го смени клубот.

Тони одигра 124 натпревари во дресот на Брентфорд, постигна 68 гола со 21 асистенција, а со оглед на тоа што има 27 години, сега е вистинскиот момент за исчекор во кариерата.

Напаѓачот пристигна во Брентфорд во летото 2020 година од Питерборо за 5,6 милиони евра, што значи дека неговиот трансфер ќе биде уште една одлична зделка за англискиот клуб.

Челзи го има само Николас Џексон во нападот, па не е изненадување што Маурисио Покетино бара уште една „деветка“, исто како Ерик тен Хаг кој го има само Расмус Хојлунд, додека на Тотенхем по заминувањето на Кејн очајнички му треба класичен напаѓач.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига