Утрински Весник
Економија

Доделени 16 решенија за кофинансирање инвестиции во рибарството и аквакултурата со вкупна финансиска поддршка од 33 милиони денари

Доделени 16 решенија за кофинансирање инвестиции во рибарството и аквакултурата со вкупна финансиска поддршка од 33 милиони денари

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска, заедно со директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски, во Демир Капија додели 16 решенија за кофинансирање инвестиции во рибарството и аквакултурата, со вкупна финансиска поддршка од 33 милиони денари.

dobivaj vesti na viber

Како корисници на оваа поддршка се јавуваат регистрираните репроцентри за производство на репродуктивен и порибителен материјал, концесионерите на риби за вршење стопански риболов, како и субјекти што се регистрирани за дејност аквакултура како одгледувачи или преработувачи на риба.

Со овие 16 решенија опфатени се инвестиции, кои предвидуваат изградба на мандра, пумпни станици и цревни инсталации, поставување фотонапонски панели на рибници, набавки на товарни возила за достава на риба, цистерни за транспорт на риба, инкубатори и преработувачка опрема, соопшти МЗШВ.

Интересот што постои кај инвеститорите, како и завидната поддршката што се доделува дополнително, потврдува дека Северна Македонија има одлични предуслови за понатамошен развој на рибарството и аквакултурата како сектори кои и во иднина ќе се поддржуваат преку Европскиот фонд за земјоделство и рурален развој – ИПАРД III.

Рибарството и аквакултурата како област на патот кон Европската Унија припаѓа во Поглавјето 13 – Рибарство, кое е едно од 34-те поглавја. МЗШВ како носител на ова поглавје во изминатиот период интензивно работеше на усогласување на законската регулатива со релевантното законодавство на ЕУ, во таа насока Министерството со поддршка на ЕУ, со експерти од Р. Хрватска, оваа година успешно заврши еден многу значаен проект – „Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија“, велат од МЗШВ.

„Придобивките на проектот се значајни не само за МЗШВ туку и за целата држава бидејќи со резултатите на проектот одиме чекор понапред во усогласувањето на нашето законодавство со законодавството на ЕУ, а со тоа и чекор понапред кон нашата стратешка цел – членство во Европската Унија“, истакна министерот Николовски.

Во таа насока, покрај Законот за рибарството и аквакултураат, кој веќе е во напредна владина процедура, подготвен е и Законот за финансиската поддршка во рибарството и аквакултурата. Со овој закон се врши усогласување со релевантни делови од ЕУ-регулативи, со што ќе се воспостави систем кој во иднина, по нашето пристапување во ЕУ, ќе овозможи користење средства од Европскиот фонд за поморство, рибарство и аквакултура.

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија