Во текот на вчерашниот ден, околу 10.15 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на пат од Скопје за Тетово, кај с. Буковиќ, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Л. Р. (31) од Скопје, и патничко моторно возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б. Д. (57) од Скопје. Од добиените повреди на местото починал возачот на возилото „фиат пунто“, Л. Р., а смрт констатирал лекар од итната медицинска помош.
А возачот на возилото „голф“, Б. Д., бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани телесни повреди.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Скопје.