Утрински Весник
Свет

Тројца загинати во рускиот регион по уште еден напад со беспилотно летало

Тројца загинати во рускиот регион по уште еден напад со беспилотно летало
Dik 300x250 mk

Гувернерот на рускиот регион Белгород рече дека тројца цивили се загинати во напад со дрон во село во близина на границата со Украина.

dobivaj vesti na viber

„Украинската војска лансира експлозивна направа со дрон и  тројца луѓе беа на улица“, објави Вјачеслав Галдков на „Телеграм“.

Руското Министерство за одбрана, пак, соопшти дека осетило напад со дронови во Москва. Од таму велат дека два дрона биле соборени од противвоздушната одбрана, но градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, рече дека била погодена една зграда во изградба.

Летовите на трите главни аеродроми во Москва, Шереметјево, Домодедово и Внуково беа на кусо запрени, втора ноќ по ред.

Киев не ги коментира нападите на руска почва.

Можете да прочитате

Во Франција најмалку петмина повредени откако намерно биле удрени од автомобил

Португалските власти запленија подморница со 1,7 тони кокаин

Трет обид за покорување на Русија може да ја уништи Европската Унија