Утрински Весник
Спорт

(ВИДЕО) Роналдо збесна: Му се развика на судијата и оттурна човек кој сакаше селфи со него

(ВИДЕО) Роналдо збесна: Му се развика на судијата и оттурна човек кој сакаше селфи со него
Dik 300x250 mk

Кристијано Роналдо ги загуби нервите доцна во првото полувреме од натпреварот од азиската Лига на шампиони против Шабаб Ал-Ахли. Додека играчите се движеа кон тунелот на пауза, Португалецот му се развика на судијата, а потоа со гради на теренот удри човек кој сакаше да направи селфи со ѕвездата.

dobivaj vesti na viber

Гневот на Кристијано беше предизвикан од два спорни моменти во противничкиот шеснаесетник.

Откако судијата означи крај на првото полувреме при резултат 1:1, Роналдо почна да му вика на главниот судија од Кина, Фу Минг, мавтајќи со раката в лице. На пат кон соблекувалната неколку пати го стави прстот на око и извика: „Разбуди се, разбуди се, по ѓаволите!“

Во тој момент на патот му се испречи човек од службените лица на натпреварот кој имаше намера да направи селфи со него. Лутиот Роналдо, сепак, не само што не застана, туку го удри човекот во градите.

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс