Утрински Весник
Македонија

Легитимитетот на владата веќе не постои, граѓаните бараат избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема поголем пораз дека власта е корумпирана од тоа странци да расчистуваат со криминалот во државата

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ велат дека на народот во Македонија веќе му е преку глава од порази во сите сфери на неговото живеење, дното е постигнато веќе од поодамна, а со неприфатливите измени на уставот, под бугарски диктат, веќе е постигната кулминација на незадоволството.

dobivaj vesti na viber

„Поразите на владата, освен за уставните измени, така и во економијата, здравството, образованието, правдата, стопанството и стандардот за живот, се длабоки и непоправливи, се повеќе секој ден, ако оваа гарнитура остане на власт. Оваа група од криминалци на власт, граѓаните не ги есапат, ни нивните политики, ни нивните бајати изјави, а најмалку празните зборови, кои ги верглаат секој ден во медиумите“, додаваат од партијата.

Како што велат, време е да се оди на избори.

„Инфлацијата го јаде стандардот на народот, учениците и оваа година ќе немаат учебници, судството има 1% доверба кај граѓаните, здравството е на колена, а младите секој ден ја напуштаат Македонија, во огромен број. Време е владата на ДУИ, подржана од СДС, да ја признае оваа реалност и што побрзо да одиме на избори, преку кои, новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, ќе почне да ги решава проблемите на народот“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила