Утрински Весник
Македонија

(Видео) Вучиќ до српските функционери: Бидете внимателни во изјавите кон Македонија, да не биде нешто искористено од другите

(Видео) Вучиќ до српските функционери: Бидете внимателни во изјавите кон Македонија, да не биде нешто искористено од другите

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, жестоко и отворено реагирал поради тоа што Курти го направил во Тетово и дека тоа изненадило многумина.

dobivaj vesti na viber

Toj побара од српските функционери да бидат внимателни во изјавите кон Македонија, за да не кажат нешто што би можело да биде искористено од страна на други.

„Видов кога Димитар Ковачевски многу силно му реагираше на Албин Курти за она што го направи во Тетово. Многу силно, јавно и отворено и сакам да ги замолам нашите функционери, дури и кога немаат намера, да бидат внимателни, да не им излезе ништо што би можело да биде искористено од страна на некои, за и нас да не направат исти како Курти“, рече Вучиќ за РТС.

Тој додаде дека разговарал со него и рекол дека „Македонците се наши браќа“.

„Затоа вчера во разговорот со Ковачевски, му реков, ако било кој во Северна Македонија се чувствува навредено поради било што кажано, јас се извиувам, затоа што Македонците се наши браќа и ние немаме никаков проблем со нив“, додаде тој

Според него, хрватскиот премиер одржал смислен говор.

„Пленковиќ имаше сериозен, систематски и рационален пристап кон идните европски прашања. Наше е да го продолжиме тој пат, но да видиме што можеме да извлечеме од тоа за нашата земја“, рече Вучиќ.

Можете да прочитате

ССМ: Владата да обезбеди пари за повисоки плати

Над 400 апликации на специјализанти за вработување во јавното здравство, денеска е последен ден за пријавување

Нова сезона РеТрн Дуо: Тони Зен и Марко Слаткар за рапот и за љубовта