Утрински Весник
Македонија

МВР: Заеднички да го одбележиме 22. роденден на Единицата за брзо распоредување

МВР: Заеднички да го одбележиме 22. роденден на Единицата за брзо распоредување

Годинава Денот на Единицата за брзо распоредување – 23 Август ќе биде одбележан на две локации, во Куманово и Скопје. Утрешните целодневни активности ќе почнат во 9:30 часот во кругот на СВР Куманово со откривање на спомен-обележје на полициските службеници кои го положија својот живот за почитување на Уставот, законот, мирот и безбедноста на државата, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

– Во 10.30 часот во паркот во Куманово граѓаните ќе имаат можност да се дружат со припадниците на Единицата за брзо распоредување. каде ќе биде поставена и опремата со која располага Единицата, така што граѓаните ќе имаат можност покрај дружбата со полициските службеници и да се фотографираат со опремата, да влезат во полициските возила итн.
Потоа се упатуваме кон Скопје во базата во Ѓорче Петров каде ќе положиме свежо цвеќе на спомен плочата на загинатите и починати припадници на ЕБР, а граѓаните се разбира ќе можат да останат во паркот во Куманово заедно со припадниците на Единицата за брзо распоредување, известува Министерството.

Централната прослава на свеченоста по повод одбележувањето на 22-годишнината од формирањето на Единицата за брзо распоредување е закажана на паркингот пред базенот во Куманово со почеток од 19.00 часот.

Можете да прочитате

Во одговорот на Извештајот на Комитетот против тортура на СЕ најавено подобрување на условите во затворите во земјава

Веројатниот наследник на лидерот на Хезболах, Каани исчезна по израелските напади на Бејрут

Официјално почнување на активностите во рамки на проектот „Воспоставување нов граничен премин Струмјани – Берово (Клепало)“