Утрински Весник
Македонија

Ѓорѓиевски: Проширената градинка „Кокиче” врши прием на нови дечиња, родителите да аплицираат

Ѓорѓиевски: Проширената градинка „Кокиче” врши прием на нови дечиња, родителите да аплицираат

Проширената градинка „Кокиче“ е подготвена за прием на нови дечиња, соопштија од Општина Кисела Вода.

dobivaj vesti na viber

Во целост се завршени повеќемесечните градежни активности на Општина Кисела Вода, кои опфатија проширување, односно преадаптација и кои овозможија капацитетот на овој објект да биде зголемен за нови 90 дечиња. Последниве денови се работеше и на опремување со мебел, кој е обезбеден преку договор со Министерството за труд и социјална политика. Градоначалникот Ѓорѓиевски денес ја посети оваа градинка и упати апел до сите родители да аплицираат за упис. Потенцира дека ова би требало да го сторат и родителите од урбаната заедница Расадник за и во тамошниот објект да се намали бројноста на групите сè додека не биде изграден и таму нов објект, кој е во подготвителна фаза. Воедно, потсети дека сега веќе на располагање во „Кокиче“ стојат и јасли, но и на тоа дека во дворот на овој објект ќе се гради сосема нов, дополнителен објект. Градоначалникот и Општината веќе изготвија проект и обезбедија финансиски средства за доградба, велат од таму. Со ова се отворени околу 300 нови места во градинките во Кисела Вода и наследените листи за чекање од минатото на кои имаше над 450 деца, набргу веќе нема да ги има.

„Со големо задоволство сакам да ги повикам сите родители од Кисела Вода од денес да почнат со аплицирање за упис во проширената градинка ‘Кокиче’ при ЈДГ ‘Весели цветови’ бидејќи таа е комплетно подготвена за прием на нови дечиња. Веќе неколку месеци работевме на преадаптација на 4-5 простории, на проширување на просторот, а сега веќе, откако пристигна и е наместен мебелот, кој го обезбеди Министерството за труд и социјална политика, за што сакам да упатам голема благодарност до нив и до министерката Тренчeвска, по добивањето согласност од нив, есенва ќе можеме да ги отвориме вратите за нови, дополнителни 90 деца. Како значајна новина е дека отсега тука ќе функционираат и јасли, а примени ќе бидат и деца од населбата Расадник додека и таму не биде изграден планираниот нов објект. Во контекст на претходното, сакам да потсетам дека и тука, во дворот на градинката ‘Кокиче’, ќе градиме сосема нов објект за кој веќе го изготвивме проектот и ги обезбедивме финансиските средства. Во него ќе има простор за 120 нови дечиња. Се работи за простор на површина од 525 квадратни метри, со 6 занимални и тоалети, енергетска ефикасност, целосно партерно уредување, изведба во согласност со сите стандарди, правилници и нормативи, кои условуваат и овозможуваат позитивен ран детски развој. Со ова слободно може да каже дека наследените листи за чекање од минатото, на кои имаше над 450 дечиња и кои со напорна работа во целиот овој период по преземањето на градоначалничката функција, отворајќи околу 300 нови места во градинките, набргу воопшто ќе ги нема“, изјави Ѓорѓиевски.

Заинтересираните родители може да извршат упис на своите деца, електронски или лично, во управата на ЈДГ „Весели цветови“, ул. Локов бр 11 (објект „Сончоглед“).

Можете да прочитате

Средба на Муцунски со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин

ОД ОВОЈ ПЕТОК НИ ДОАЃА ЛАДНИОТ ЦИКЛОН: Ќе ни донесе многу дожд, снег и голема снежна покривка!

Свечен настан за 30 години дипломатски односи и цврсто македонско-јапонско пријателство