Утрински Весник
Свет

Смртоносна бактерија пронајдена во милкшејк: тројца починале, а тројца се во болница поради нечисти машини за сладолед во ресторан во САД

Смртоносна бактерија пронајдена во милкшејк: тројца починале, а тројца се во болница поради нечисти машини за сладолед во ресторан во САД

Здравствените власти во американската сојузна држава Вашингтон соопштија дека три лица починале, а уште три се хоспитализирани пи пиењето милкшејк контаминиран со листерија, опасен вид бактерија.

dobivaj vesti na viber

Си-ен-ен јавува дека трагедијата се случила во ресторанот „Фругалс“ во градот Такома.

Се наведува дека истражителите утврдиле дека инфекцијата избувнала поради нечисти машини за сладолед загадени со таа бактерија, кои вработените не ги исчистиле правилно.

Американската телевизија наведува дека листеријата може да влијае на здравјето на луѓето и до 70 дена по земањето храна или пијалак што биле контаминирани со неа.

До 7 август се користеа контаминирани машини во ресторанот, па можна е појава на нови пациенти, велат надлежните.

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет