Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Никој нема забелешка за предложените уставни измени

Ковачевски: Не е точно дека некои пратеници од СДСМ нема да ги поддржат уставните измени

Во македонското Собрание утре започнува расправата за предлог измените на Уставот.

dobivaj vesti na viber

„Предложените уставни измени се јавно објавени и јасно се гледа дека тие дополнително го унапредуваат македонскиот устав и го зајакнуваат македонскиот идентитет, се унапредуваат основните права на деловите од народи кои живеат во нашата земјата, но и се истакнува посебноста на македонскиот народ“, велат од СДСМ.

„Против предлог измените, никој, па дури и ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски не се изјасни против. Затоа, потребно е обединување околу иднината на земјата со глас за Европа во македонското Собрание. Секој кој и мисли добро на државата ќе ги поддржи уставните измени по чие усвојување веднаш ќе се отворат првите поглавја и ќе се забрза процесот на интеграција во ЕУ“, соопшти СДСМ.

„По 17 години во чекалната, ги започнавме преговорите со ЕУ и не смееме на тој пат самите ние да си ставаме пречки, откако ги минавме сите предизвици.

Да не дозволиме ситни интереси на поединци и политички кариери скапо да ја чинат државата и да влезе во нова изолација која ќе трае со години, туку низ јавна, аргументирана дебата во Собранието, измените на Уставот да бидат усвоени.

Глас за Европа е глас за подобра, посигурна и постабилна македонска иднина“, се додава во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

Нема нови сомнителни случаи на мајмунски сипаници, отворени две телефонски линии за информации

Силјановска – Давкова од Рим: Силно и инспиративно е да прочитате на македонски јазик дека му се оддава почит на духовниот сесловенски татко