Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Грковска: Дигитализацијата на инспекциските постапки ги намалува ризиците од корупција

Грковска: Дигитализацијата на инспекциските постапки ги намалува ризиците од корупција
300x250 opst2

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа координативен состанок со претставници на сите државни инспекторати, на кој присуствуваше и претседателката на Инспекцискиот совет Даниела Рендевска.

dobivaj vesti na viber

На состанокот се разговараше за динамиката на дигитализација на инспекциската постапка Е-инспектор, преку која значајно се отстранува субјективниот фактор, а со тоа и се намалуваат и ризиците од корупција во инспекциските надзори. Вицепремиерката Грковска истакна дека е многу важно инспекторатите кои се уште ја немаат дигитализирано инспекциската постапка да ги направат сите неопходни подготовки за да се запази утврдената динамика.

Како најголема пречка во секојдневното работење на инспекторатите беше издвоена неусогласеноста на одредени материјални закони по кои постапуваат инспекциските служби со Законот за инспекциски надзор, од кои дел веќе подолг период се во собраниска процедура.

Вицепремиерката Грковска ја нагласи важноста на зголемувањето на транспарентноста на инспекциските служби и во поглед на јакнење на интегритетот на инспекторите, но и како начин да се зголеми нивната безбедност во исполнувањето на работните обврски. Во насока на понатамошно подобрување на отвореноста на овие служби преку објавување на записниците од извршените надзори, беше донесен заклучок да се изврши консултација со Агенцијата за заштита на лични податоци за да се дефинира соодветната форма која ќе овозможи унапредување на транспарентноста, а истовремено нема да биде спротивна на регулативата за заштита на личните податоци.

Со директорите на државните инспекторати се разговараше и за потребата од зголемување на координацијата помеѓу инспекторатите и Инспекцискиот совет, со цел да се зголеми ефикасноста, но и квалитетот на работењето на инспекторите.

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја