Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Лога и Јовески на состанок за модуларната болница што изгоре во Тетово

Лога и Јовески на состанок за модуларната болница што изгоре во Тетово
300x250 opst2

Министерот за правда Кренар Лога денеска оствари средба со државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

dobivaj vesti na viber

На средбата стана збор за текот на постапките кои ги водат Основното јавно обвинителство Тетово и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со пожарот во модуларната болница во Тетово, информираа од Министерството за правда.

Со државниот јавен обвинител Јовески се разговараше и за други прашања како што се потребата да се именува обвинител за врски во Еуроџаст( Единица за судска соработка на ЕУ), носење на Упатство за имплементација на Кодекс за ЈО, Стратегијата за развој на правосудниот систем 2023-2027, електронска распределба на предметите во јавните обвинителства и други теми.

За случајот со модуларната болница во Тетово,во текот на утрешниот ден министерот за правда Кренар Лога ќе се сретне и со шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази.

Можете да прочитате

Приведени две Италијанки на Табановце, носеле 186 семки канабис и марихуана

Приведени двајца криумчари од Скопје – превезувале мигрант од Турција

Левица ја води правната битка против АВМУ: „Сите се прогласуваат за ненадлежни, но правдата ќе ја бараме во Стразбур“