Утрински Весник
Македонија

187 сообраќајни прекршоци во Скопје

Во Скопје се вози пребрзо, се поминува на црвено, се збори на телефон – 160 возачи се казнети

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 29 санкции за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 11 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), соопшти МВР.

Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

Можете да прочитате

Нема да биде екстрадиран од Грција уапсениот 60-годишен македонски државјанин баран за убиство пред 28 години

Пешак удрен од автомобил пред гимназијата „Јосип Броз – Тито“ во Скопје

Потребен е регистар на дијаспората, за да се знае точниот број на иселени, смета претседателката