Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Пожарникар во Шпанија подметнал пожари, дрон го снимил во акција, објавија шпанските медиуми

Пожарникар во Шпанија подметнал пожари, дрон го снимил во акција, објавија шпанските медиуми
300x250 opst2

Цивилната гарда уапси поранешен шпански пожарникар под сомнение дека подметнал пет до шест пожари на островот Мајорка. Пожарникарот, 61-годишниот Франциско Б., бил уапсен во понеделникот додека бил на боледување, пишува шпанскиот портал „Ултима Хора“.

dobivaj vesti na viber

Пожарникарот е уапсен во полициска акција за фаќање на пироман кој неодамна подметнал пожар во Мајорка. Во понеделникот попладне на бројот 112 пристигнала дојава за нов пожар кој избувнал во општина Каимари. На местото на настанот веднаш се испратени надлежните екипи за итна помош, пишува „Еуро Викли Њуз“.

Поради близината на пламените јазици до некои куќи, локалната полиција на Селва и припадниците на Цивилната гарда помогнаа да се евакуираат жителите од неколку куќи. После тоа почнаа апсењата на пироманите.

Уапсениот пожарникар не знаел дека претставници на Цивилната гарда го набљудуваат одозгора со дрон. Пожарникарот бил фатен на дело во алкохолизирана состојба и со себе имал неколку запалки, кремен, бензин и хартија.

Селва и Каимари во последниот месец регистрирале седум шумски пожари и пожари на земјоделско земјиште во нивното подрачје. Жителите живееле во страв бидејќи уште од почетокот знаеле дека пожарите се подметнати.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари