Утрински Весник
Македонија

(Видео) Хоџа ја регистрираше партијата, а изрази загриженост за уставните измени: Тоа ни е прва битка

(Видео) Хоџа ја регистрираше партијата, а изрази загриженост за уставните измени: Тоа ни е прва битка

Аријанит Хоџа кој неодамна собра потписи и ја регистрираше новата партија денеска, ден пред одбележувањето на годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, и ја промовираше Европска демократска партија.

dobivaj vesti na viber

Хоџа е поранешен заменик-претседател на Движењето Беса.

-Во овој момент сме во отворање на нова страница. Пред нас е првиот чекор, првата битка, а тоа се уставните измени. Без да има епилог во уставните измени не можеме да кажеме како ќе се одвива политичката сцена. Нормално ние очекуваме да поминат уставни измени бидејќи тоа е отворање на вратата за Европската Унија. Доколку не поминат уставните измени тогаш државата влегува во едно сценарио во кое навистина европската перспектива е загозена, вели Аријанит Хоџа, лидерот на новата политичка партија на Албанците во Македонија.

Можете да прочитате

Приведена кавадарчанка, со остар предмет му нанела повреди на сопругот

Кривична за четири лица за грабнување на 23-годишна девојка во Струга

Понеделник 26 Јануари 2026 носи обилни дождови и локално невреме