Утрински Весник
Македонија

Ќе продолжиме да се бориме, велат од ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на Агелер дека е лажна вест можноста за нов договор со ЕУ

(Видео) Доказите за корупција ги најдовме тука, не во Вашингтон, не можеме ние да апсиме, им порача Агелер на институциите
Dik 300x250 mk

ВМРО-ДПМНЕ се бори и се залага за фер шанса и за заштита на македонскиот идентитет и посебност и тоа се легитимни барања, легитимна борба и ќе продолжиме да се бориме.

dobivaj vesti na viber

Ваков е коментарот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски прашан за изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер дека е лажна вест можноста за репреговарање на преговарачката рамка.

Агелер вчера изјави дека нема да има нови разговори за Преговарачката рамка.

„Лажна вест е дека некој може да го репреговара договорот постигнат минатото лето. Тоа е лажна вест. Исто така, лажна вест е дека е можен подобар договор кој се’ уште не сме го откриле“, рече амбасадорката.

СДСМ повторија дека во Собранието е време за глас за Европа и обединување околу стратешката цел – членство во Европската Унија и ја повикаа опозицијата да се престрои на страната на државните и националните интереси.

Можете да прочитате

Утрово измерени 0 степени во Берово

Седум пиштоли и над 300 куршуми пронајдени кај маж од скопско

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола