Утрински Весник
Македонија

Зголемена фреквенција на возила на „Табановце“ и „Богородица“

На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу еден час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, велат од АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути, а на ГП Богородива за излез од државата време на чекање е околу 40 минути, соопшти АМСМ.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Филипче: Во регионот само Владата на Мицкоски нема вистински мерки за граѓаните

Муцунски на виртуелен состанок на министри за надворешни работи од Европа, тема поморскиот коридор во Ормускиот теснец

Филипче: Во СДСМ се приклучуваат млади и експерти