Утрински Весник
Македонија

Македонија има идеални климатски услови, со тоа треба да привлекуваме инвеститори, смета Георгиевски

Георгиевски: Со донираното оружје за Украина, се врши големо обезоружување на нашата држава

Следејќи ги тековите околу темата за „глобалното затоплување“ како и истражувањето и заклучоците на Климатската опсерваторија на Европската унија за тоа дека месецот јули оваа година всушност претставувал најтоплиот јули откако се мери топлината во светот воопшто, ВМРО-Народна партија излезе со предлог до Владата за кампања со цел на привлекување на инвеститори.

dobivaj vesti na viber

Партијата на Љубчо Георгиевски предлага Владата да отпочне со медиумска кампања за привлекување на странски инвестиции и инвеститори кои целосно би ги префрлиле своите бизниси на територијата на Македонија.

„ВМРО-Народна партија смета дека не треба да се пропушти ваквата можност за искористувањето на потенцијалот во поглед на климатските промени и за нејзино препознавање како идеална држава за инвестирање во одржливи бизниси но и како второ живеалиште за многу граѓани на Северна Европа кои би ја препознавале Северна Македонија како држава со идеални климатски услови за бегство од горештини“, велат од партијата.

Очигледно е дека со климатските промени Северна Македонија добива идеална климатска состојба па дури и подобра од онаа што ја памтиме во изминатите сто години со очигледни помеки зими и посвежи лета, додава партијата.

Можете да прочитате

Ангелов го испрати воздухопловниот тим на хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка

Мицкоски: До крај на август ќе ги комплетираме списоците за кандидати за градоначалници, министрите кои се кандидати си ги извршуваат обврските

На Ќафасан се чека околу 40, а на Табановце и Богородица околу 30 минути