Утрински Весник
Македонија

Приведен криумчар од Студеничани, пронајдени 10 лица мигранти

Пресечен меѓународен канал за криумчарење мигранти: Уапсени затвореници, полицаец и малолетници

Вчера вечер во 20.00 часот на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, пред влез во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода 20-годишниот О.Р. од село Студеничани, скопско, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– Имено, околу 15.15 часот на автопатот А1, на делницата Демир Капија – Неготино, во близина на место викано „Острово“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово забележале патничко возило „волво“ со скопски регистарски таблички од друго возило, кое излетало од патот, а возачот го напуштил местото. Во близина на возилото биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија. По преземени мерки и активности на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и полициски службеници од ОВР Неготино, малку подоцна, возачот бил пронајден и лишен од слобода, соопшти МВР.

Тој бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија. Против О.Р. денеска ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Повторно опожарено возило на паркинг во Скопје

21 годишен пешак удрен од автомобил во Гостивар

Во изминатите 24 часа уапсени осум возачи