Вчера на ноќното небо над Мелбурн беа видени блескави остатоци, при што многумина споделија фотографии и снимки на социјалните мрежи со прашањето дали можеби станува збор за метеор. Светлосниот феномен патувал низ планината Булер до Мелбурн и бил во пламен речиси една минута пред да се распадне во остатоци кои силно гореле.
„Ѕвезда што паѓа над Мелбурн или тоа е комета? напиша еден X корисник. „Не знам дали е метеор, комета или вселенско ѓубре“, напиша друг.
What an amazing sight over Richmond 💫 I don’t know if #Meteor #Comet or #SpaceJunk #Melbourne pic.twitter.com/8SHbweU2qK
— Stewart Mason (@karmicstewii) August 7, 2023
Експертите брзо процениле дека се работи за вселенски отпад што изгорел поради триење кога со голема брзина удрил во атмосферата.
Поради големиот јавен интерес, австралиската вселенска агенција објави соопштение во кое се наведува дека забележаните блесоци на светлина најверојатно се остатоци од руската ракета Сојуз-2, лансирана вчеравечер од космодромот Плесецк, северно од Москва, која повторно навлезе во Земјината атмосфера. Ракетата беше искористена за лансирање на сателит претходно истата вечер.
um excuse me, I just saw a meteor? I was literally just going to get a biscoff shake and saw the coolest thing I’ve ever seen 😭#melbourne #melbournemeteor #meteor pic.twitter.com/8svURTU4Nk
— PeachTeaGamer (@peachteagamer) August 7, 2023
„Навистина е неверојатно“, изјави професорот Алан Дафи, астроном од Универзитетот Свинбурн, за радиото 3AW. „Тоа е најголемото светлосно шоу што сум го видел, во однос на повторното влегување на некој вид материјал од орбитата.
What an amazing sight over Melbourne 💫 Space Junk or Meteor, it was spectacular to see it.#meteor pic.twitter.com/XdxN3nMMC9
— Explore Melbourne (@XPMELB) August 7, 2023
Ракетата тежи 105 тони, долга е 25 метри и беше исфрлена на „исклучително голема надморска височина“ откако остана без гориво, рече вонредниот професор Алис Горман од Универзитетот Флиндерс. „Многу жители на Мелбурн ја видоа ракетата како лета низ небото додека се распаѓаше на парчиња, а секое од нив продолжи да гори во спектакуларен огномет“, рече таа.
Остатоците од ракетата се планира безбедно да влезат во атмосферата и да паднат во океанот кај југоисточниот брег на Тасманија, според вселенската агенција, која додава дека „ќе продолжи да ги следи резултатите од ова повторно влегување“.