Утрински Весник
Свет

Делови од Словенија се’ уште се поплавени и без струја, голем број патишта затворени

Македонија спремна да ѝ помогне на Словенија да се избори со катастрофата

Бројот на загинати во невремето што ја зафати Словенија се искачи на шест лица. Некои области се’ уште се поплавени, многу патишта сè уште се затворени, а надлежните служби предупредуваат дека со повлекување на водата, ризикот од свлечишта во тие области ќе се зголемува, објавија словенечките медиуми.

dobivaj vesti na viber

Пожарникарите интервенираа претходната ноќ за отстранување на последиците од поплавите во 57 случаи, најмногу во Помурје и Корушка.

Во некои населени места веќе се појавија одрони, најмногу во Корушката и Савињската долина.

Геолошкиот завод на Словенија го предупреди населението во загрозените подрачја на внимателност поради водите, новите пукнатини на патиштата и појавата на нови одрони.

Во отстранувањето на последиците од поплавите помага и армијата, а делови од земјата се’ уште немаат струја.

 

Можете да прочитате

Петмина загинати, двајца тешко повредени во експлозија во фабрика во Јужна Кореја

Трето прекршување на примирјето меѓу САД и Иран

Украински дрон ја погоди нуклеарната централа Запорожје, МААЕ загрижена