Утрински Весник
Македонија

Вработен на Инфективна е заразен со конго-кримска хеморагична треска по контактот со штипјанката која почина по убод од крлеж

Вработен на Инфективна е заразен со конго-кримска хеморагична треска по контактот со штипјанката која почина по убод од крлеж

Потврден е случај на Конго-кримска хеморагична треска кај вработен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС) кој беше идентификуван како контакт со штипјанката која почина по убодот од крлеж минатиот викенд.

dobivaj vesti na viber

Од Министерството за здравство велат дека вработениот на Инфективна бил иднетификуван како контакт со среден ризик, а симптомите ги пројавил на дветтиот ден од надзорот.

„Пациентот е хоспитализиран, а Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институтот за јавно здравје Скопје, веднаш формира екипа за теренски увид која ги спроведе потребните активности, односно изврши анкетирање на пациентот и ставање под надзор контакти од здравствен ризик со цел спречување од понатамошно ширење на болеста“, велат од Министерството за здравство.

Од тука нагласуваат дека по случајот со 27-годишната штипјанка, надлежните институции постапиле во согласност со препораките на СЗО. Направено било теренско истражување во Клиничка Болница Штип, Итната медицинска помош Штип и во семејството на сега почината жена. Епидемиолозите направија пребарување на контактите нивно соодветно класифицирање на лица со висок ризик, лица со среден ризик и лица со низок ризик и лица без ризик, а сите тие беа ставени под 14-дневен здравствен надзор.

Од Министерството се додава дека почетокот на болеста е ненадеен, со главоболка, висока температура, болки во грбот, болки во зглобовите, болки во стомакот и повраќање. Црвени очи, зацрвенето лице, црвено грло, и црвени дамки на непцето, се исто така присутни. Може да се јави жолтица, а во потешки случаи, промени во расположението. Како што напредува болеста, на телото на заболениот се јавуваат големи делови со модрици, како и крварење од носот. Закрепнувањето е бавно, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Можете да прочитате

Бочварски: После 4 години локална власт- ВМРО-ДПМНЕ не исполни ништо од ветеното

Бочварски: Очекуваме да се зголеми поддршката за СДСМ, на локалните избори ќе настапиме со коалициските партнери од изминатите десеттина години

НИ СЕ ВРАЌААТ ЛЕТНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ: Пред нас многу сонце и значително потопло време!