Утрински Весник
Македонија

„Пресудата е шок за семејството и сол на рана“, вели адвокатот на семејството на прегазената Магдалена

Адвокатот Митровски: Стручни соработници од Обвинителството се држени во модерна форма на заложништво

„Пресудата е шок за семејството и сол на рана“, вели Јанаки Митроввски, адвокатот на семејството на прегазената 11 годишна Магдалена од велешанецот Ангелчо Николов. Возачот ќе треба да издржи осум години затвор како што одлучи скопска Апелација. Второстепените судии му ја намалија казната за десет години.

dobivaj vesti na viber

„Не знам како да реагирам на намалената казна за Ангел Николов од 18 на 8 години. И двете казни се во рамки на предвидената казна(е ај да не бидат) но пресудата е шок за семејството и сол на рана. Образложението е релативно оскудно, Апелација се држи на тоа дека е неосудуван, признал вина и ја забрзал постапката, изразил каење и ветил дека нема да се повтори. Судот е должен да цени признание на вина но каење е предмет на проценка. На очиглед на сите иако вербално искажано, кај обвинетиот немаше никакво каење, никаква емоција. Неговото ветување дека нема да го повтори делото пак малку што му значи на семејството. Лесна и земја на Магдалена. Пред некој ден загина млад човек чекајќи на пешачки и остави бебе сирак зад него. Сообраќајната култура во Македонија е на нула, возачки се земаат на жими мајка а државата игра улога исклучиво на пенализатор никако на едукатор и затоа сме каде сме. Господ нека ни е на помош!“, се огласи адвокатот Митровски на социјалните мрежи.

Пресудата на Апелација за велешанецот Николов е донесена по пет месеци од изрекувањето на првостепената бидејќи тој издржува притвор поради опасност од бегство, кој му беше изречен сѐ до правосилност.

Возачот Николов беше во бегство, а по два дена, полицијата го уапси. Тој го управуваше возилото „мерцедес“ со прекумерна брзина, како што и призна. Освен жртвата, 11-годишното девојче, повреди имаше и мајката.

Мајката на прегазената Магдалена вели дека пресудата е неправедна и дека е разочарана сум од судството.

Можете да прочитате

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

До петок стабилно и сончево – викендов снег

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца