Утрински Весник
Свет
Img 7972

(Видео+фото) Почна невремето во Србија: Врне, истура – сите се надеваат дека нема да биде како во Словенија

(Видео+фото) Почна невремето во Србија: Врне, истура – сите се надеваат дека нема да биде како во Словенија
Img 7972

Силното невреме кое вчера создаде хаос во Словенија пристигна и во Србија. Во Западна Србија почна да врне силен дожд, дува силен бурен ветер проследен со град. Силно невреме со град ја зафати општина Горњи Милановац.

dobivaj vesti na viber

РХМЗ утринава предупреди дека денеска во Србија е активиран црвено-портокаловиот метео аларм.

На социјалните мрежи луѓето објавуваат снимки од големото невреме. Има обилни дождови, ветерот силно дува, а се создава впечаток како надвор да е темно и магливо.

И во Љиг врне, а дождот пропратен со силен ветер носи се пред себе. Надвор веќе е темно и магливо.

Невремето пристигна и во Уб, а на видео од социјалните мрежи се гледа дека дождот бил пропратен со град.

Во Лајковац автомобилите полека возат низ поплавени улици, а водата стигнала и до тротоарот. По улиците тече големо количество вода, а водата стигна и до автобуската станица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Фотографирана е и голема количина град кој паднал на тоа место, а се насобрал во мрежата која стои над зеленчукот.

Дождот стигна и до Обреновац, па на видеото може да се види дека автомобилите се движат побавно, а надвор како да е темно среде бел ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Во 13 часот РХМЗ го објави најновото метео предупредување за Србија под наслов – Обилни врнежи и град!

 

Можете да прочитате

Путин: Ако има добра волја, Русија и САД можат да го продолжат Договорот Нов СТАРТ

Меланија Трамп: Путин одговори на моето писмо, украинските деца се вратија кај семејствата

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври