Утрински Весник
Свет

(Видео) Порој урна мост во Словенија, возач на автомобил се спаси во последен момент

(Видео) Порој урна мост во Словенија, возач на автомобил се спаси во последен момент

Читател на словенечкиот портал Siol.net го снимил моментот на уривање на мостот на патот меѓу Стаховица и Камник во градот Камништа Бистрица.

dobivaj vesti na viber

Во моментот на уривањето преку мостот минувал автомобил кој во последен момент застанал и веднаш тргнал наназад.

Siol.net пренесува дека поради поплави се затворени бројни патишта низ Словенија. Од Јесенице до Љубљана нема возови.

Ситуацијата во Словенија од утрово е многу драматична. Обилните дождови предизвикаа поплави, патишта беа поплавени, а десетици илјади луѓе останаа без струја. Сирените за поплави се огласија и во самата Љубљана, а во текот на целиот ден од Словенија пристигнуваат видеа на кои се гледа како словенечката армија користи хеликоптери за да ги спасува луѓето кои чекаат помош на покривите.

Можете да прочитате

Лос Анџелес исклучи ВИ во „Гугл“ пребарувања за половина милион ученици

Невремиња и поплави погодија голем дел од САД, повеќе од 900.000 корисници без струја

Две лица со сомнеж за мајмунски сипаници хоспитализирани во Санкт Петербург