Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Не била стручна а предавала и била в.д. директорка на училиште во Струга, ДКСК ќе поднесе кривична против Мерко затоа што ја назначил на должноста

Не била стручна а предавала и била в.д. директорка на училиште во Струга, ДКСК ќе поднесе кривична  против Мерко затоа што ја назначил на должноста
300x250 opst2

Државната комисија за борба против корупцијата ќе достави иницијатива до Основното јавно обвинителство Струга за кривично гонење на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за злоупотреба на службената положба и овластување.

dobivaj vesti na viber

Мерко на незаконски начин на два пати назначил вршител на должност, в.д директорка на основно училиште во Струга која немала завршено високо образование ниту го имала потребното работно искуство, велат од комисијата.

Од таму предлагаат кривично да се гонат и в.д. директорката и уште неколку други вработени кои и помогнале да фалсификува документи кои и биле потребни за изборот на функцијата директор.

„Градоначалникот на општина Струга спротивно на законот на два пати ја назначил за в.д. директорка наставничката по англиски јазик иако таа не ги исполнувала условите за тоа. Дополнително тој не го задолжил училишниот одбор да донесе одлука за објавување на јавен повик за избор на директор на училиштето“, рече Шемси Салаи, од ДКСК.

„Пријавената в.д. директорка предавала предмети за кои не била стручна и за кои е потребно високо образование. Имала 4 години и осум месеци работно искуство што не е доволно за да биде назначена за директор. Дополнително во тоа време таа немала уверение за положен испит за директор, а училишниот одбор не донел одлука за распишување на јавен повик. Сето тоа го направила со фалсификувани службени исправи. Во исто време директорката сама на себе со анекс договор си го зголемила фондот на часови што е спротивно на законот. Во тоа и помагале поранешни директори. Со тоа тие ја злоупотребиле службената положба и фалсификувале слижбени исправи“, рече Салаи.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пред една година славеше со Заев за францускиот предлог сега предлага „црвени линии“ за власт и спас на фотелјата во СДС 

Претрес во Кичево, пронајдени оружје и муниција, уапсено едно лице

Филипче: Слоганот на ВМРО-ДПМНЕ е ветување за уништување на државата преку партизација