Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Бочварски: Завршивме успешно уште еден проект во Берово, го рехабилитравме патот од Берово до Владимирово

Бочварски: Завршивме успешно уште еден проект во Берово, го рехабилитравме патот од Берово до Владимирово
Img 7972

Завршивме со комплетна реконструкција на регионалниот пат од Берово до насленото место Владимирово со што направивме одличен проект за жителите на Владимирово и верувам дека со ова ќе придонесеме за подобар живот на локалното население, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на општина Берово.

dobivaj vesti na viber

Министерот заедно со градоначалникот Звонко Пекевски извршија увид во завршениот регионален пат, во должина од 5,5 километри и инвестиција од 45 милиони денари средства обезбедни преку централниот буџет.

„Направивме добар проект за граѓаните на Владимирово и веруваме дека со ваквите проекти даваме сериозeн придонес за задржување на граѓаните во насeлените места. И ова го правиме се со цел да придонесеме за подобра инфраструктура, побезбеден сообраќај и поврзување со останатте населени места. Ведувам дека со оваа инвестиција од преку 45 милиони денари реализиравме многу значаен проект. Остануваат да се завршат уште неколку технички зафати, да се постави сообраќајна сигнализација и банкини и со тоа ќе завршиме уште еден инфраструктурен проект”, изјави Бочварски.

Завршена е реконструкцијата на патните правци кон Струмица и Виница, комплетно го рехабилитиравме патниот правец од Берово кон ГП Клепало, ја реализиравме и изградбата на фекалната канализација во туристичката населба на Беровското Езеро, во селото Ратево го изградивме водоснабдителниот систем, а сега таму започнуваме и со реконструкција на улицата Илинденска. Верувам дека граѓаните ги препознаваат сите овие проекти бидејќи веќе ги чувствуваат придобивките од нив, додаде Бочварски.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ во ПИОМ не оставија дупка, туку цел кратер

Филипче: Пензионерите се нови жртви на лагите на власта, 97% од нив добија само 1.000 денари

НБРМ: Граѓаните сè почесто ги избираат дигиталните канали за плаќање