Утрински Весник
Македонија

Македонија спремна да ѝ помогне на Словенија да се избори со катастрофата

Македонија спремна да ѝ помогне на Словенија да се избори со катастрофата

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, објави дека Македонија е подготвена да ѝ помогне на Словенија да се избори со катастрофата и големите поплави што ја зафатија земјата по невремето.

dobivaj vesti na viber

„Со големо жалење ја следиме состојбата во Словенија, која ја погоди големо невреме и поплави. Не можеме да го гледаме ова, а да не понудиме помош. Подготвени сме да подадеме рака и да помогнеме во справувањето со последиците од ова невреме и да покажеме дека вистински пријатели се познаваат во тешки моменти. Заедно сме посилни!“, рече Петровска.

Голем број луѓе во Словенија беа евакуирани, а според досегашните информации едно лице загинало.

Можете да прочитате

Вчера уапсени шест возачи низ државата

И во сабота ќе може да се вади полномошно за патување на малолетници во странство

Пијан маж во Дебар возел без возачка, направил сообраќајка па нападнал полицајци