Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден малолетник во сообраќајка меѓу мотоцикл и „мерцедес“ во Чегране

Tешко повреден малолетник во сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и патничко возило

Синоќа во 20.30 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во гостиварско Чегране се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Чегране и патничко возило „мерцедес“ со странски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(54) од Чегране.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар во Гостивар.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар, соопшти полицијата.

Можете да прочитате

ТДП реагира на лидерската средба: Власта го заборава мултиетничкиот карактер на државата

Замрзната имиграцијата кон САД од Македонија и уште 74 земји

СДСМ: САД ја суспендираше обработката на визи, ВМРО ја доведе Македонија во периметар со Сомалија