Утрински Весник
Македонија

На граничните премини„Табановце“ и „Богородица“ се чека од 15 до 30 минути

На „Табановце“ и „Богородица“ за излез од државата се чека околу половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица за излез и на ГП Табановце за влез во државата има зголемена фреквенција, времето на чекање е околу 15 – 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Левица: Мицкоски ни даде ултиматум: Или раѓајте повеќе деца, или ќе ви донесам економски мигранти

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства, македонската економија ќе биде на удар 

Финансиска му поднесе кривична на поранешен директор на „Пошта“ за предизвикана штета од речиси 11 милиони денари