Утрински Весник
Македонија

Казни за 322 возачи во Скопје, 96 возеле над дозволеното

Казнети 464 возачи за брзо возење

На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 322 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 96 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 29 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 28 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

dobivaj vesti na viber

Изречени биле и пет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Меџити потврди дека Мухамед Хоџа ќе биде министер за екологија, а Беким Сали прв вицепремиер

Апсење во Тетовско по инцидент на патната контрола

Петар Богојески е нов член на Наставно-научниот совет на Воената академија